„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

𝟦𝟢.𝟢𝟢𝟢 нови садници засадени за зелено Ѓорче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
posumuvanje-Kuckovo

Општина Ѓорче Петров денеска спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. Во акцијата учествуваа екипи на ЈП „Македонски шуми“, општинската администрација, раководството на компанијата Адинг и градоначалникот на општината Александар Стојкоски.

— реклама —

На површина од 20 хектари беа засадени 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен, со што се поставува основа за враќање на природната вегетација и заштита на биодиверзитетот, извести општината.

— реклама —

Градоначалникот Александар Стојкоски изјави дека оваа акција е дел од поголемите заложби на општината за одржлив развој и грижа за животната средина:

„Пошумувањето не е само обврска, туку инвестиција во иднината на нашата заедница. Благодарност до сите кои се вклучија и покажаа дека заедно можеме да постигнеме големи резултати.“

„Опожарените површини во атарот на Кучково, кои со години беа еколошки проблем, сега добиваат нов живот благодарение на заедничкиот ангажман на локалните власти, институциите и приватниот сектор.

Оваа акција е доказ за тоа како преку соработка може да се постигне значителна промена во насока на зачувување и обновување на природата. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со вакви иницијативи, кои имаат за цел да го направат регионот позелено и поздраво место за живеење“, додаваат од општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Скопје | пред 4 месеци

rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Скопје | пред 1 година

GP

(Видео) Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура, денес Ѓорче Петров расте и се модернизира

Скопје | пред 1 година

postavuvanje-stolbcnja

Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот: поставени нови столбчиња и пешачки премини, следуваат успорувачи на брзина пред училиштата и градинките

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања