Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нови возила, камери и детектори за полицијата – МВР ја засилува борбата против криумчарењето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4gqmopcchrh55VSf6bI

Министерството за внатрешни работи доби нови возила и специјализирана опрема обезбедени преку регионалниот ИПА-проект EU4FAST, со поддршка од Европската Унија, информираше министерот Панче Тошковски.

— реклама —

Тој посочи дека утринава во кругот на МВР било извршено примопредавањето на опремата, која веднаш ќе биде ставена во функција на македонската полиција.

— реклама —

Станува збор за четири теренски возила, три комбиња, видеокамери, детектори за отчукување на срце и опрема за проверка на документи, кои ќе придонесат за поголема мобилност на полициските служби, подобра контрола на границите и поефикасна борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе.

„Во време кога безбедносните предизвици се сè покомплексни и не познаваат граници, инвестициите во модернизација на полицијата се инвестиции во безбедноста на граѓаните и стабилноста на регионот“, истакна Тошковски.

— реклама —

Тој упати благодарност до Европската Унија и до сите партнери кои континуирано ја поддржуваат заложбата за посилни институции, владеење на правото и поефикасна борба против организираниот криминал.

— реклама —

„Остануваме посветени на градење модерна, професионална и добро опремена полиција која успешно ќе одговори на сите современи безбедносни предизвици“, порача министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 18 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 18 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања