Промени тема
Контакт

Нови заштитни механизми за идните членки на ЕУ, Црна Гора прва со нов тип договор?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Marta-Kos

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија не смее да си дозволи „тројански коњ“ во процесот на проширување и дека сѐ уште нема политичка волја меѓу земјите членки за воведување гласање со квалификувано мнозинство во оваа област.

Говорејќи на конференцијата за проширување на ЕУ во Талин, Естонија, Кос истакна дека проширувањето мора да се темели на пет клучни елементи, при што првиот е дека нема кратенки во реформите. Според неа, Унијата мора да биде заштитена од можни чекори наназад и затоа предложи новите договори за пристапување да содржат посилни заштитни механизми за почитување на фундаменталните вредности.

— реклама —

Таа најави дека Црна Гора би можела да биде првата држава што ќе потпише ваков нов тип договор. Борбата против корупцијата и изградбата на демократските институции, нагласи Кос, остануваат темел на проширувањето и целосното членство никогаш не смее да биде на штета на тие вредности.

— реклама —

„Потребна ни е полиса за осигурување против чекори назад. Лекцијата од 2004 година е дека мора да имаме механизми што ќе гарантираат дека новите членки ќе се придржуваат до правилата и дека интегритетот на Унијата ќе биде заштитен и по пет, десет или дваесет години“, изјави таа.

— реклама —

Во однос на гласањето со квалификувано мнозинство, Кос посочи дека новата методологија и понатаму остава простор за вето на секој чекор. Европската комисија, како што рече, го ставила предлогот за квалификувано мнозинство на маса, но засега нема доволна политичка поддршка меѓу земјите членки за таква промена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryei470e6nhq277knADVN

Царините и новите правила на ЕУ би можеле да ги поскапат електричните автомобили за илјадници евра

Свет | пред 11 час

— реклама —
fon-der-lajen

Фон дер Лајен: Договоривме слободна трговија меѓу ЕУ и Филипините

Свет | пред 15 часа

media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

ЕУ подготвува строги правила за чет-ботовите: Забрана за создавање емотивна зависност кај децата

Технологија | пред 3 дена

media-libraryj2dhamtgveaifLZBkUY

ЕУ воведува дополнителна такса за малите пакети од земји надвор од Унијата

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања