Промени тема
Контакт

Ново Лисиче сè уште чека зонско паркирање: Со месеци се обележуваат паркинзите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
parking-1

И покрај најавите од пред неколку месеци, зонското паркирање во Реонски Центар, Ново Лисиче и Автокоманда сè уште не е ставено во функција, а надлежните не прецизираат кога ќе започне неговата примена.

— реклама —

Од Општина Аеродром велат дека подготовките за воведување на зонското паркирање во Реонски Центар и Ново Лисиче се во завршна фаза. Во моментов, ЈП „Улици и патишта“ работи на обележување на паркинг-местата и поставување на соодветната сообраќајна сигнализација, по што ЈП „Градски паркинг“ ќе започне со имплементација на новиот режим.

— реклама —

Од Град Скопје посочуваат дека активностите во Ново Лисиче сè уште се во тек, а зонското паркирање ќе биде пуштено во употреба по завршувањето на поставувањето на целокупната вертикална и хоризонтална сигнализација и по добивањето на потребната согласност од СВР Скопје.

— реклама —

Во меѓувреме, во Автокоманда, каде што проектот беше најавен уште минатата година, од Град Скопје информираат дека, според информациите добиени од Општина Гази Баба, во тек е постапката за обележување на паркинг-местата и поставување на сообраќајната сигнализација. По завршувањето на овие активности ќе следува воведување на зонското паркирање.

Иако подготовките се во тек на сите три локации, надлежните засега не соопштуваат конкретен датум кога зонското паркирање ќе почне да функционира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Од утре се менува работното време на зонското паркирање во Скопје

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

ЈП „Градски паркинг“ со ново летно работно време за зоните А, Б, Ц и Д

Скопје | пред 4 месеци

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

За втор автомобил во Центар ќе се плаќаат 500 денари, а за трет 1.500

Скопје | пред 4 месеци

parking

Бесплатен паркинг за 1 Мај во Скопје, наплата само на затворените паркиралишта

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања