Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

За втор автомобил во Центар ќе се плаќаат 500 денари, а за трет 1.500

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Општина Центар и ЈП ПОЦ воведуваат нов систем за паркирање со цел пофер распределба на паркинг местата и поефикасно користење на ограничениот јавен простор.

Со новите правила, повластените паркинг-карти повеќе нема да се издаваат по жител, туку по станбена единица, односно по адреса.

— реклама —

Од ЈП ПОЦ велат дека досегашниот модел овозможувал едно домаќинство со повеќе пријавени лица да регистрира и повеќе возила под повластени услови, што дополнително го оптоварувало паркинг-просторот.

— реклама —

„Паркинг просторот во Центар е ограничен ресурс. Не е реално ниту фер јавниот простор неограничено да се користи од едно домаќинство, додека други жители секојдневно се соочуваат со недостиг од слободни места“, соопштија од претпријатието.

Според новиот систем, првото возило за едно домаќинство ќе има бесплатно повластено паркирање, за второто ќе се плаќаат 500 денари месечно, а за третото 1.500 денари.

— реклама —

Од ПОЦ објаснуваат дека целта не е ограничување, туку воведување баланс и одржливост во користењето на јавниот простор.

— реклама —

Новите мерки треба да помогнат во намалување на сообраќајниот метеж, непрописното паркирање и притисокот врз паркинг-капацитетите, особено во Дебар Маало, Капиштец, Буњаковец и централното градско подрачје.

ЈП ПОЦ најави и инвестиции во нови паркинг места, модернизација и дигитализација на услугите, како и подобрување на контролата и наплатата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

ЈП „Градски паркинг“ со ново летно работно време за зоните А, Б, Ц и Д

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
parking

Бесплатен паркинг за 1 Мај во Скопје, наплата само на затворените паркиралишта

Скопје | пред 1 месец

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Бесплатен паркинг во Скопје за 1 Мај, освен на одредени локации

Македонија | пред 1 месец

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Одложено зонското паркирање во Аеродром: Д12 нема да стартува од 1 април

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања