Промени тема
Контакт

Ново партнерство за развој на филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-libraryer2bn69hlrcn4zIS5oT

Скопје прави нов чекор кон зајакнување на филмската уметност и културната понуда во градот, преку воспоставување долгорочна соработка со „Скопје Филм Студио“ и Скопскиот филмски фестивал.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Томи Салковски, управител на „Скопје Филм Студио“ и организатор на Скопскиот филмски фестивал, потпишаа Меморандум за соработка со кој се предвидува партнерство насочено кон развој на филмската уметност, збогатување на културната понуда и поголема меѓународна афирмација на Скопје.

Според Ѓорѓиевски, Скопје има богата филмска традиција, бројни талентирани автори и публика која заслужува квалитетна и достапна културна содржина. Соработката треба да создаде услови за понатамошен развој на фестивалот и негово посилно позиционирање на регионалната и европската културна сцена.

— реклама —

Предвидени се европски филмски програми, меѓународни партнерства и активности наменети за младата публика, со што ќе се отворат нови можности за филмските автори и ќе се придонесе кон поголема афирмација на македонската кинематографија пред европската публика.

Партнерството се воспоставува во пресрет на „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, со цел преку нови културни соработки да се придонесе кон долгорочен развој на културниот живот во градот.

— реклама —

„Скопје има приказни што заслужуваат да го обиколат светот и таленти што заслужуваат поддршка. Наша обврска е да им овозможиме простор да создаваат и да успеваат“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

„Скопје 2028“ ќе откупи најмалку 200 скопски приказни – граѓаните можат да испраќаат текст, фотографии и видеа

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryvrc16vjf9u9h7IScOQp

Град Скопје и Министерството за култура ќе соработуваат за „Скопје 2028“

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања