Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ново поскапување на горивата: Бензините и дизелот од полноќ поскапи до 2,5 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново зголемување на цените на нафтените деривати, при што во просек цените растат за 1,84 проценти во однос на претходната одлука.

Од 19 мај 2026 година од 00:01 часот, бензините и дизелот ќе се продаваат по повисоки цени.

— реклама —

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 89 денари, додека цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 92 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 93,5 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе се продава по 50,814 денари за килограм.

— реклама —

„Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 ден/лит“, соопшти РКЕ.

— реклама —

Единствено намалување има кај екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за 0,50 денари по литар.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека промените се резултат на движењата на светските пазари.

— реклама —

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 4,961%, кај дизелот за 0,295%, кај мазутот за 14,450%“, наведуваат од РКЕ.

Од Комисијата потсетуваат дека ова се максимални цени и трговците можат да продаваат и по пониски цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Нови цени на горивата: бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот поскапува за 1 денар

Македонија | пред 6 дена

IMG_8162

Од 1 август поскапува парното во Скопје, сметките повисоки во просек за 140 денари

Македонија | пред 2 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот поскап за 4,5 денари, бензините за 3 денари

Македонија | пред 2 седмици

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања