Промени тема
Контакт

Новогодишната кошничка празна, џебовите на олигархијата полни - народот плаќа за мерките на Мицкоски, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski34

Партиите на буржоазијата не смогнаа храброст барем еднаш да спроведат економска мерка согласно потребите на граѓаните. Повеќе од триесет години, СДС и ДПМНЕ се во трка за што поголемо удоволување на клептоманските апетити на домашната олигархија. Се додека стопанските комори ги пишуваат владините мерки, ваквата политика ќе остане непроменета, соопшти Левица.

„Инфлацијата се зголемува, куповната моќ се намалува, платата на работничката класа стагнира, а социјалната раслоеност расте. Краткорочните мерки на Владата наместо да ја ублажат инфлацијата, тие долгорочно ги продлабочија џебовите на олигархијата. Инспекторатот и државните служби не покажаа карактер и уште еднаш потфрлија пред енормните профити на трговската мафија.

— реклама —

Од 'сигурните решенија' на Владата, единствено е сигурно енормното поскапување на основните производи и рекордна сиромаштија. Уште по иронично е што довчерашната власт на СДС, чија што политика го иницираше поскапувањата и не знаеше како да ги ублажи, сега ја обвинува актуелната Влада за продлабочување на сиромаштијата.

Оттука.Левица, како партија која вистински се залага за обичниот човек и работничката класа, предлага:

— реклама —

1. Дефинирање дозволен профит – ограничување на профитот како разлика меѓу влезната фактура и излезната малопродажна цена;

— реклама —

2. Привремено укинување на ДДВ на основните производи;

3. Привремено укинување на царини – за одредени групи производи, со цел намалување на трошоците и стабилизирање на цените;

— реклама —

4. Итна поддршка за домашното производство – преку програми за зголемување на конкурентноста на најдефицитарните производи, чии цени најмногу пораснале.

Очигледно, секоја досегашна власт не само што не сака, туку и не знае како да го подобри животниот стандард на граѓаните. Милионскиот цех од новогодишната кошничка на Мицкоски го плаќаат граѓаните! Затоа, ја повикуваме Владата да не биде слуга на олигарсите и заложник на своите бизнис-партнери и итно и неодложно да ги спроведе, предлог мерките, посочени од Левица“, се додава во соопштението на партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања