NY Post до Трамп: Ова е диктатор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
Screenshot-2025-02-22-at-09.54.09

На насловната страница на вчерашното издание на „Њујорк пост“ беше објавена фотографија од рускиот претседател Владимир Путин со натпис: „Ова е диктатор и 10 други вистини за украинската војна кои ги игнорираме на наша опасност“.

— реклама —

Ова се 10-те вистини за кои треба да размислите:

Путин ја започна војната.

— реклама —

Русија се бори за освојување.

Украина се бори за своја независност.

Украинците не се Руси.

Путин е диктатор.

Зеленски не е диктатор.

Русија не е пријател на САД.

Украина е пријател на САД.

На Путин не може да му се верува.

Американската помош за Украина не е залудно потрошена.

Патем, насловната беше објавена откако американскиот претседател Доналд Трамп го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „диктатор“ претходно оваа недела. Во исто време, Трамп никогаш не го нарече Путин „диктатор“.

Интересно е што „Њујорк пост“ е конзервативен дневен таблоид кој најмногу пишува афирмативно за Трамп. За време на подемот и владеењето на Трамп, таблоидот често ја промовираше неговата политика, а истовремено ги напаѓаше демократите и либералните медиуми.

Иако во одредени случаи има критички коментари за конкретни одлуки или контроверзни настани, уредничкиот тон најмногу ги поддржува ставовите на Трамп.

Во пресрет на минатогодишните претседателски избори, таблоидот јавно го поддржа Трамп.

„Денес Трамп ја покажува истата сила и жестокост како во 2016 година, и покрај невидената и срамна употреба на правосудниот систем против него, два обиди за атентат и добро познатиот постојан налет на хистерични медиумски напади врз него“, објавија тогаш уредниците.

„Њу Јорк Пост“ е основан во 1801 година од Александар Хамилтон и ги менува политичките насоки низ својата историја. Денес е во сопственост на медиумската компанија News Corp, предводена од Руперт Мардок.

Статијата на која се однесува насловната е напишана од Даглас Мареј.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања