Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Обединетите нации предупредуваат на глобална глад поради блокадата на Ормутскиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Работна група на Обединетите нации предупреди дека светот се соочува со ризик од масовна глад доколку Ормутскиот теснец наскоро не биде повторно отворен за поморски сообраќај.

Според проценките на организацијата, околу 45 милиони луѓе би можеле да се соочат со глад поради недостиг на ѓубрива чии транспортни рути моментално се блокирани.

— реклама —

Извршниот директор на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги, Мореира да Силва, изјави дека низ Ормутскиот теснец вообичаено минува една третина од светските залихи на ѓубрива, вклучувајќи амонијак, сулфур и уреа.

„Ни остануваат само неколку недели за да спречиме нешто што веројатно ќе стане масовна хуманитарна криза“, изјави да Силва за АФП.

— реклама —

Тој предупреди дека сезоната на садење не може да чека и дека во некои африкански држави роковите истекуваат веќе во следните недели.

Освен Африка, блокадата сериозно ќе ја погоди и безбедноста на храната во Азија.

„Ако наскоро не ја запреме причината за кризата, со последиците ќе можеме да се справуваме само преку хуманитарна помош“, изјави да Силва.

Од Обединетите нации предупредуваат дека отворањето на Ормутскиот теснец е клучно за стабилизација на глобалниот пазар на храна, бидејќи недостигот на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус може да има долгорочни последици врз приносите ширум светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5cebgbhuv8sm8OY6uWB

Пожар на танкер кај брегот на Оман: Двајца членови на екипажот исчезнаа

Свет | пред 5 дена

— реклама —
helikopter-2

Американски хеликоптер се урна во Ормутскиот теснец, пилотите спасени од морнарички дрон

Свет | пред 6 дена

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Танкери поминаа низ Ормутскиот теснец и покрај блокадата

Свет | пред 1 седмица

media-librarye00ogmjt1f392he6MPf

ЕУ предупредува: Можно е недостиг од авионско гориво ако продолжи блокадата на Ормутскиот теснец

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања