Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Обид за шверц на 26 ретки желки од Мексико спречен на аеродромот во Холандија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Свет
media-library79k4ofohbr5d0Bm84ea
unplash

Обид за шверц на 26 критично загрозени желки бил спречен минатата недела на аеродромот „Схипхол“ во Амстердам, Холандија. Желките биле донесени од Мексико, каде што во дивината останале само околу 300 примероци од овој вид.

— реклама —

Според холандската Управа за безбедност на храна и потрошувачки производи, животните биле скриени во предадениот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Тој бил уапсен, а истрагата е во тек.

— реклама —

Повеќето желки биле завиткани со леплива лента за да не можат да се движат, а потоа ставени во кутија. Останатите биле скриени во чорапи. Сите животни го преживеале транспортот и биле пренесени во специјализиран центар за спасување животни.

— реклама —

Станува збор за еден од најмалите видови желки во светот. Според американскиот Центар за биолошка разновидност, цената на една желка од овој вид на црниот пазар може да достигне и 30.000 долари. Оттаму минатиот месец ја повикаа мексиканската влада да преземе посилни мерки за нивна заштита.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

policija-holandija

Тело на 20-годишник пронајдено во замрзнувач оставен на улица во Холандија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Холандија најави 500 милиони евра воена помош за Украина

Свет | пред 4 седмици

media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Во Холандија е еутаназирано првото неизлечиво болно дете, имало речиси две години

Свет | пред 1 месец

media-librarycjltkneste6ob36nR37

Повисокиот данок не ги одврати туристите: Холандија во јули ја посетиле 3,36 милиони гости

Патувања | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања