Промени тема
Контакт

Обилни дождови и релативно високи температури најавени за следната недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Обилни врнежи од дожд и релативно високи дневни температури ја очекуваат земјава во текот на следната недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најавувајќи нестабилно време под влијание на циклонска активност.

— реклама —

Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекуваат врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар, а локално се можни и ретки грмежи. На планинските подрачја врнежите ќе бидат од снег. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои од утринските часови утре ќе се засилуваат, а попладне и во текот на ноќта ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од минимални околу 9 до максимални 11 Целзиусови степени.

— реклама —

Во вторник претпладне, во источните делови од земјата се прогнозираат слаби врнежи од дожд во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе има мешани врнежи од дожд и снег. Попладне се очекува стабилизирање на времето, но кон крајот на средата и во текот на четврток повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Максималните дневни температури во наредните денови ќе достигнуваат до 13 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Најмногу дожд во Гевгелија: 23 литри дожд по квадратен метар

Македонија | пред 6 месеци

popova-sapka

Студено утро во Македонија: Попова Шапка со -5°C, снежна покривка до 34 см

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryvaj191t0469hbWksSvL

Најмногу дожд во Крива Паланка: 39 литри на метар квадратен за 24 часа

Македонија | пред 7 месеци

media-library5rofp6vhsqeaeMyTbvN

Oбилни дождови и снег со метео аларм од жолто и портокалово ниво!

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања