Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Обилните врнежи предизвикаа поплави и евакуации: критична состојба во Охрид, Кичево и Гостиварско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
skopje-sneg-2021

Поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата, на повеќе локации се евидентирани поплави, излевања на реки и отежнато одвивање на сообраќајот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби се на терен.

— реклама —

Во тетовскиот и гостиварскиот регион, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, во Општина Гостивар, е тешко прооден поради големото количество дожд. За состојбата се известени локалната самоуправа и полициската станица во Чегране. Забележани се и излевања на Лакавичка Река во селото Мало Турчане и на Сушечка Река во селото Горна Бањица. Надлежните институции и службите за итно дејствување ја следат состојбата на терен.

Најкритично е во охридскиот и кичевскиот регион. Во Општина Охрид се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот, а реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и веќе постапуваат по пријавите, додека екипите за итна интервенција се распоредени на терен.

— реклама —

Во Општина Кичево, на улицата „Прилепска“, поплавени се повеќе стамбени објекти. Извршена е евакуација на околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Во акцијата интервенирале екипи на Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, ЈП „Комуналец“ и Општина Кичево. На евакуираните им се обезбедени храна, вода, кревети, душеци и ќебиња.

— реклама —

Дополнително, регистрирани се излевања на Зајашка Река во реонот над стадионот „Влазрими“ и кај новото училиште „Санде Штерјоски“, како и излевање на реката Треска на земјоделско земјиште во атарите на селата Бигор Доленци, Вранешти и околината.

Во битолскиот и преспанскиот регион, поради зголемениот водостој на реките и излевањето на повеќе водотеци, поплавени се бројни куќи и дворни места. За 09:00 часот е закажан состанок на Кризниот штаб на Општина Битола, со цел утврдување на приоритетите и подобра координација на активностите на терен.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека состојбата и понатаму внимателно се следи, а граѓаните се повикуваат на претпазливост и почитување на препораките на надлежните служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

До 13 часот регистрирани три пожари на отворено, два се изгаснати

Македонија | пред 3 дена

media-libraryrc50tqv5ntmh4yNVjDA

Наскоро нова апликација за 112: Ќе испраќа локација, фотографии и видео во итни случаи

Македонија | пред 4 дена

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

До 13 часот регистрирани шест пожари, активен е само еден

Македонија | пред 4 дена

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Огнен биланс до 13 часот: Две активни жаришта, шест пожари изгаснати

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања