Промени тема
Контакт

Обилните врнежи предизвикаа хаос: Реката Тркања однесе стока и поплави земјоделско земјиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library3nk33jcvhqbo7XgvJDQ

На територијата на Република Македонија денеска продолжуваат да се чувствуваат последиците од обилните врнежи, а најголемите проблеми се регистрирани во струмичкиот и штипскиот регион.

„Во Струмичкиот регион, поради излевање на реката Тркања во селата Сачево и Муртино, поплавени се големи површини земјоделско земјиште, пластеници и дворови на куќи. Најдраматично е кај месноста Шепово, каде водите однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од с. Костурино. Екипи со булдожери, камиони со песок и багер интервенираат на критичните локации.

— реклама —

Во Штип, на улицата „Љубен Иванов“ се срушил потпорен ѕид, предизвикувајќи штета на две паркирани возила и блокирајќи една сообраќајна лента. Одрони и свлечишта се регистрирани и на патните правци Истибања – Делчево, Виница – Берово и Берово – Струмица, а ЈП „Македонија пат“ континуирано интервенира за одржување на патиштата проодни.

— реклама —

Останатите региони се во стабилна состојба, без опасност од излевање на реките, со исклучок на Крушево каде нивото на реката Црна е покачено, но без ризик за населението. Во ридско-планинските делови на Кавадарци паѓа снег, а од браната „Мавровица“ се прелева вода 2 см над максималната кота, без опасност за околината.

— реклама —

Според Центрите за управување со кризи, состојбата се следи континуирано, а екипите се подготвени за интервенции на критичните локации“, информираат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

poplavi-nepal

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Непал: Повеќе од 1.300 загинати

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylo6mbq3msm8k0t955k0

Силни дождови и поплави во Кенија – загинаа 108 лица

Свет | пред 5 месеци

media-libraryjhm8as5ra8506PPuooj

(Видео) Хаваи погодени од најсилни поплави во последниве 20 години

Свет | пред 5 месеци

media-libraryb65ut8bi435o1LjxGMj

Oштетени околу 500 објекти во село Форино: Црвениот крст обезбедува итна помош за семејствата

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања