Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
Victorija-pop-Stefanija

Деновиве од печат постхумно беше објавена книгата „Охридска урбана иконографија“ од Викторија Поп Стефанија чиј издавач е градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.

Најновиот туд на Поп Стефанија го потврдува континуитетот на нејзиното истражувачко љубопитство во доменот на архитектонскиот дискурс и се надоврзува на нејзините претходни книги „Обликот на храмот“ и „Логосот на архитектурата“.

Книгата е објавена во тираж од 150 примероци. Содржината напишана на околу 200 страници и е поделена во неколку поглавја во кои се следи историската хронологија и периодизација на Охрид како „богоодбран топос“.

— реклама —

Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, рецизент е Елизабета Шелева, јазичната редакција е на Даниела Угриноска, а техничкото уредување на Дамјан Поп Стефанија.

— реклама —

Викторија Поп Стефанија беше еминентна авторка, инженер- архитектка и публицистка од областа на теоријата на историјата на архитектурата. Таа е бележит национален архитект со творечки опус од околу 300 проекти и студии. Нејзини креации се хотел „Метропол“, реконструкцијата на „Рибниот Ресторан„ во Охрид, хотелот „Молика“ на Пелистер. Таа е творец на автентични просторни креации за воздигнување на храмовите: Св. Димитриј Солунски, Св. Григориј Палама во Струмица, Св. Прохор Пчински во Мелбурн – Австралија, Св. Богородица во Демир Хисар.

Добитник е на бројни награди и признанија и е автор на многубројни стучни публикации.

— реклама —

Викторија Поп – Стефанија почина неодамна во Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjviec318d2gs8q8fGhd

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност

Македонија | пред 16 часа

media-library4susnij26bgr3UZtPeJ

(Видео) Ечеше „Бисер балкански“ и „Лихнида“ во Охрид: Млади улични артисти собраа публика како на концерт

Магазин | пред 1 ден

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Сакаат да ја избегнат утрешната гужва, заглавија вечерва: долги колони од Охрид кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Драма во Охрид: Со нож му барал пари на малолетник, нападнал и скопјанец

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања