Шест дена откако го ослободиле од притвор и му го одзедоа пасошот, бизнисменот Асмир Јахоски побарал времена патна исправа за да оди во Истанбул, потврдува скопска Апелација за „Скопје1“. Во четвртокот, судиите донеле одлука да му се прифати барањето, па тој добил патна исправа и заминал на Босфор. Судиите се воделе и од мислењата на двајцата обвинители од Обвинителството за гонење организиран криминал и корпупција, како и од Вишото обвинителството. Двата обвинители биле сложни да му се издаде пасош на Јахоски. Апелација вика дека Јахоски доставил докази за причините поради кои барал времен пасош, ама не кажува кои се тие и на што се однесуваат.
„Дадена е согласност за издавање нова патна исправа на осомничениот Асмир Јахоски, но со ограничен рок на важење од 6-шест месеци сметано од денот на издавање“, велат од Апелација за „Скопје1“.
Газдата на „Пуцко петрол“ има обврска и натаму секој прв понеделник во месецот да биде во Македонија и да се јавува во Кривичниот суд во Скопје.
Претходно објавивме, дека Јахоски е вратен во Македонија.
Газдата на „Пуцко петрол“, Јахоски е вратен во Македонија, по прославата на Босфор
Газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, се вратил од Турција, дознава „Скопје1“ од извори во МВР. Според неофицијалните информации, тој постапил согласно одлуката на судовите, односно ја искористил времената патна исправа за да прослави завршување на школување на роднина и се вратил. Моментално, тој е во земјава.„Скопје1“ постави прашања во судот, која била причината поради која Јахоски побарал времена патна исправа, а откако тој до пред еден месец беше и во притвор, а потоа остана и без пасош
Македонија | пред 1 година
За неговото патување се дозна откако „Скопје1“ објави дека тој се фотографирал во Истанбул.
(Фото) До пред месец во притвор, сега на Босфор: Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул
Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, денеска се појави на фотографии од Босфор, односно Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега. „Скопје1“ дознава дека тој потоа побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите одобриле.Можеби и немаше да се дознае дека бизнисменот кој е газда на „Пуцко петрол“ и осомничен за зл
Македонија | пред 1 година