Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Обвинувања од крилото на Села: Владата го жртвува Коридорот 8 во корист на Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryet97fgn8d94r9Ytwz7K

Крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците обвини дека се прави сериозен стратешки пресврт со пренасочување на Коридорот 8, што, според нив, оди во корист на Србија и Коридорот 10.

Според партијата, изјави на српски функционери, пренесени од агенцијата БГНЕС, укажуваат дека ваквите потези се претставуваат како „победа на Србија против Западот“, при што инвестициите се насочуваат кон Коридорот 10, кој ја поврзува Србија со Грција и ја позиционира како регионален центар.

— реклама —

Од Алијанса за Албанците тврдат дека министерот за транспорт, Александар Николовски, се обидел да ги пренасочи средствата обезбедени за Коридорот 8, што, според нив, директно ја менува стратешката позиција на државата.

Партијата оценува дека со блокирањето на делницата Требениште–Струга, градот останува надвор од Коридорот 8, а како следен чекор предупредуваат дека изолирани би можеле да останат и Полошкиот и Кичевскиот регион. Наместо тоа, како што наведуваат, приоритет се дава на автопатот Битола–Охрид, со што трасата се пренасочува и се поврзува со Коридорот 10.

— реклама —

Во соопштението се повикуваат партиите од коалицијата ВАЛЕН да не молчат, туку да се спротивстават на, како што велат, „штетните проекти“, оценувајќи дека станува збор за прашање од национално значење кое бара пошироко политичко обединување и вклучување на меѓународниот фактор, вклучително и САД, НАТО и Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeq02ponch0c09PmWGEH

Села го обвини Мицкоски дека лаже: Владата го прекрши договорот за Коридорот 8

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
voz

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Софија станува реалност до 2030 година

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb33nkrtou7lr0vvWwkN

590 работници и над 500 машини на терен: Коридор 8 и 10 ќе донесат целосен автопат од Скопје до Охрид

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryk648poearcetdyTrDV5

Муцунски: Македонија останува целосно посветена на реализација на Коридорот VIII

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања