Промени тема
Контакт

Обвинувања за закани и институционален притисок: ВМРО-ДПМНЕ за улогата на Заев и Филипче во случајот „Жан Митрев“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
zan-mitrev-klinika

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања против поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека двајцата, додека биле на власт, се обиделе да ја преземат приватната болница на докторот Жан Митрев преку закани, уцени и злоупотреба на институциите.

— реклама —

Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувањата се темелат на сведоштвото на д-р Митрев, изнесено во интервју на национална телевизија, во кое тој тврди дека во периодот кога против него се водел судски процес, институциите биле искористени како средство за притисок. Како што се наведува, во тој период му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а била воведена и забрана за продажба на клиниката.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека особено спорен е наводот според кој, само една недела откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес за сопствеништвото над болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на директно политичко влијание врз правосудството.

Во соопштението се наведува и дека постоел обид болницата да биде откупена по цена значително пониска од нејзината реална пазарна вредност, што партијата го квалификува како „организиран грабеж под маската на институционално постапување“.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ дополнително оценува дека ваквите наводи ја прикажуваат „вистинската слика“ на тогашната власт, посочувајќи дека во време на ковид-пандемијата, кога граѓаните секојдневно умирале, а вакцините доцнеле, поранешните функционери, наместо да се фокусираат на јавното здравје, наводно кроеле планови за лично богатење и преземање на приватни здравствени установи.

— реклама —

Партијата го повика Јавното обвинителство итно да отвори постапка за сите изнесени наводи и да постапи, како што наведуваат, неселективно и без политички калкулации, со цел целосно расчистување на случајот и воспоставување на владеење на правото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 3 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања