Промени тема
Контакт

„Обвинувањата дека Андов наредувал напади, е исто како да се каже дека Апасиев давал наредби за инциденти“, демант од затворот „Скопје“ за Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Затворската управа на КПУ „Скопје“ демантира дека вработени полицајци биле ангажирани за прославата за Илинден на Мечкин Камен. Ова следува откако Левица бараше одговорност и разрешување на Филип Андов.

„Во врска со континуираните напади врз КПУ „Скопје“ и директорот Филип Андов, сакаме да укажеме на следново:

На прославата за Илинден на Мечкин Камен, ниту била ангажирана, ниту можела да се ангажира затворската полиција. Затворската управа, не може, ниту имала намера, на било кој припадник на затворската полиција да му го контролира приватниот живот и она што тие го прават по работното време. Па така, одењето на прослави од страна на припадниците на затворската полиција од КПУ „Скопје“ е личен избор и никако не може да се поврзе со професионалните ангажмани.

Тенденциозните објави на партии и платеници со обвинувања дека директорот Филип Андов стои зад наредби за некакви си малтретирања на Мечкин Камен, се лага и замајување на јавноста. Дотолку повеќе што и од објавените снимки може да се види дека Андов не бил на местото и во времето каде имало некакви турканици и караници. Тоа е и совршен доказ дека не постоела ниту можност да дава инструкции или да раководи со некого, ниту пак, имал зошто да го прави тоа.

— реклама —

Ваквите обвинувања се исти како да се каже дека Димитар Апасиев од Грција, за време на Илинден, давал наредби на партиското членство да предизвика инциденти на Мечкин Камен и да ги провоцира останатите посетители на прославата.

— реклама —

Политичката партија „Левица“ која ги изнесе обвинувањата, ја повикуваме сите закани и навреди да ги аргументира и да ги пријави кај надлежните органи. Доколку сметаат дека има прекршувања од страна на припадници на затворската полиција, а за кои надлежност има затворската управа, ги повикуваме да ги докажат и образложат во поднесок, по кој ќе се постапи веднаш.

Затворската управа, нема да дозволи неосновани напади и инкриминирање на затворската полиција со цел добивање дневно партиски поени, ниту пак, обвинувања кон лаги и обвинувања за директорот Филип Андов“, стои во демнатот.

— реклама —

levica-8123

Министерот Тупанчески да побара разрешување на Филип Андонов поради закани и злоупотреба на затворската полиција, бара Левица

„На Мечкин Камен целата јавност беше сведок како незаконски и брутално се злоупотребува полицијата, затворската полиција, како и началници, заради заштита на партиската врхушка на СДС“, вели Левица.Тие додаваат:Нашиот истакнат член на Централен Комитет, Игор Смилев, беше малтретиран од затворската полиција под директива на директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов.Откако беа опколени од страна на насилниците на Андонов и им беа изречени неколку закани, на нашите членови, спротивно на сите з

Македонија | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjq2pfbfuqspkdhnfBul

(Фото) Фатен на дело како создава дива депонија во Кисела Вода, инспекторите веднаш го санкционираа

Скопје | пред 12 часа

— реклама —
media-librarytb3ud508667bd3vRR0V

(Видео) Скопје станува европска танцова сцена: Над 2.900 танчери доаѓаат на големото IDO првенство

Скопје | пред 1 ден

media-library8nskkij5hd7c3DI8caq

(Видео) Дете падна од коњ среде улица во Скопје, коњот помина преку него

Скопје | пред 3 дена

media-library8uu8aappubjg0WiecUr

(Видео) „Скопје мириса на шампон“: Комуналците го мијат градот за продолжениот викенд

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања