Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryu2ivd9ct0t055vxvUnF

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во наредниот период да дојде до намалување на цените на горивата во земјава, при што бензините би можеле да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за околу 7 денари по литар.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за подрастично намалување на цените на горивата и за состојбите на светскиот пазар, Мицкоски посочи дека поминувањето на околу 55 танкери низ Ормутскиот Теснец не претставува драматична бројка.

— реклама —

„Таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и троцифрена на ден. Овие танкери додека стигнат до конечните дестинации ќе поминат можеби и еден месец, можеби и повеќе, односно од 25 до 35 дена“, изјави Мицкоски.

Според него, цената на суровата нафта на светските пазари во следниот период би требало да се движи околу 80 долари за барел, со мали осцилации.

— реклама —

„Стојам на ставот дека нашите математики се тие, сега треба да ги видиме кои се математиките на Регулаторната комисија. Но очекувам поевтинување на бензините отприлика 2,5 до 3 денари и очекувам околу 7 денари намалување на дизелот по литар. Тоа е она што ние го очекуваме, но да почекаме Регулаторната комисија да излезе со нивните пресметки“, рече премиерот.

— реклама —

Конечната одлука за новите малопродажни цени на нафтените деривати треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања