Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Очекуваме дополнително намалување на цените на горивата од следната недела“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
236107776_365588865017693_5783337045518003885_n

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, земјата се наоѓа меѓу водечките во Европа по примена на мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека цените на горивата во земјава се значително пониски во однос на соседството, како и дека Владата продолжува со мерките за намалени акцизи и повластено ДДВ за бензин и дизел, со цел одржување на стабилни и пониски цени.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, а не според податоците на Владата, Македонија е трета земја во Европа според имплементацијата на мерки со кои се штити стандардот на граѓаните.

Имаме убедливо најниски горива, кои се за 30% до 50% поевтини од горивата во соседството.

Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ за бензините 95 и 98 октански, на 10%. Остануваме и на мерката намалени акцизи. Просекот што е на PLATTS FOB Италија за бензините ќе значи намалени акцизи за 2 денари по литар, а за дизелот ќе значи 4 денари по литар, врз основа на просекот од втората половина на април. Така ќе биде во следните две недели.

Што се однесува до ДДВ-то кај дизел-горивото, тоа ќе остане на 18%, и со тоа нашето дизел-гориво денес е од 30 до 50 евроценти по литар поевтино од дизел-горивата во соседството. Очекувам од понеделник да биде и уште поевтино, имајќи предвид дека најголемиот дел од земјите од соседството ќе ги определат новите цени: Србија денес, а останатите држави од понеделник и вторник, како и ние“, вели Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нов економски притисок врз Европа: Растат цените на енергијата, компаниите го губат оптимизмот

Свет | пред 1 ден

— реклама —
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Горивата може повторно да поевтинат, Мицкоски уверува дека има доволно залихи до Нова година

Македонија | пред 2 седмици

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Горивата и гасот во ЕУ со речиси рекордни цени, се разгледува данок за енергетските компании

Свет | пред 1 месец

media-libraryc33e08pom3lg5P5XArC

Владата денеска ќе го намалува ДДВ за горивата – Мицкоски очекува поевтин дизел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања