Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од 20 до 31 јануари калибрација на камерите: кога ќе се тестира, нема да се пропуштаат возила на тие локации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarynakg4levke815h1MJe3

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во рамки на проектот „Безбеден град“ во периодот од 20 до 31 јануари ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди, односно камери за сообраќаен надзор.

— реклама —

Како што соопштува МВР, активностите ќе се реализираат секој ден во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот. За време на тестирањата, на локациите каде што се вршат овие постапки, возилата нема да бидат пропуштани додека трае самата техничка проверка и калибрација на опремата.

— реклама —

Во првата недела од предвидениот период, тестирањето ќе се спроведува исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Скопје, по што активностите ќе продолжат и на други локации, согласно динамиката на проектот.

— реклама —

Од Министерството апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања и упатствата на терен, како и да покажат разбирање и трпение, со цел овие активности да се реализираат безбедно и непречено.

— реклама —

Проектот „Безбеден град“ има за цел унапредување на сообраќајната безбедност и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот преку современ систем за автоматски надзор и контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Напади врз сопруги, малолетно девојче и членови на семејството: Шест пријави за насилство за едно деноноќие

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на МЕПСО во Визбегово

Македонија | пред 14 часа

tepacka1

Напад врз сопруга, патничка во автобус и малолетно девојче: Три случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје

Македонија | пред 16 часа

uapsen

По бегството низ прозорец од полициска станица, се предаде 24-годишникот кој физички и психички ја малтретирал партнерката

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања