Промени тема
Контакт

Од „Аватар“ до „Џурасик Парк“: Филмови што ги освоија кината ширум светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-libraryv7afp56ta35vb4rQrvr
Photo by Avel Chuklanov on Unsplash

Научната фантастика со децении ја воодушевува публиката со приказни за иднината, вселенски авантури и технолошки откритија, а некои од филмовите од овој жанр успеаја да станат и едни од најпрофитабилните остварувања во историјата на кинематографијата.

Според изборот на критичарите на „Колидер“, осум научнофантастични филмови успеале да ја надминат границата од една милијарда долари заработка на светскиот бокс офис.

— реклама —

На листата се најдоа „Спајдермен: Нема враќање дома“, „Авенџерс: Ендгејм“, „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, „Аватар: Патот на водата“, „Авенџерс: Војна на бесконечноста“, „Роуг Ван: Приказна од Војна на ѕвездите“, оригиналниот „Аватар“ и култниот „Џурасик Парк“.

Најголема заработка меѓу нив оствари „Аватар“ на Џејмс Камерон, кој со речиси три милијарди долари и натаму е меѓу најуспешните филмови на сите времиња. Веднаш зад него е „Авенџерс: Ендгејм“ со околу 2,8 милијарди долари, додека „Аватар: Патот на водата“ инкасираше повеќе од 2,3 милијарди долари.

— реклама —

На листата се најдоа и остварувања што оставија силен белег врз филмската индустрија, како „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, кој заработи над две милијарди долари, како и „Џурасик Парк“ на Стивен Спилберг, кој благодарение на повторните прикажувања ја надмина границата од 1,1 милијарда долари.

— реклама —

Овие филмови не само што постигнаа огромен комерцијален успех, туку и го променија начинот на кој публиката ги доживува визуелните ефекти, акцијата и приказните сместени во светови надвор од нашата реалност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

netfliks-960x522-1

Netflix тужен за 105 милиони долари по кражба на копија од необјавен филм

Филм | пред 4 седмици

media-library7v49ldcev4m70rC9f9H

Филмот сè уште не е прикажан, а веќе е хит: „Одисеја“ собори рекорди во претпродажба

Магазин | пред 2 месеци

media-library09mmqtu9nbug9UHKVoA

(Видео) Хоророт „Backrooms“ со рекордна заработка на премиерата

Филм | пред 2 месеци

media-libraryousgre6osp74bhajZYw

Ќе се снима биографски филм за Слаткар

Магазин | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања