„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од АВНОЈ до распадот: што претставуваше 29 ноември за поранешна Југославија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-libraryitksoec2mu4afLjgwAJ

На денешен ден, 29 ноември 1945 година, беше воспоставена федерацијата од шест републики на југот од Европа – новата, социјалистичка Југославија. По крвавата Втора светска војна, започна периодот на обновување на земјата и изградба на новиот политички модел, заснован врз социјализмот и еднопартискиот систем. Денот на Републиката со децении се славеше како најзначаен државен празник, а од 1955 година прославата траеше два дена, со манифестации што потсетуваа на победата над фашизмот и на создавањето на новата државна структура.

— реклама —

Празникот го одбележува и Второто заседание на АВНОЈ во 1943 година во Јајце, кога беше формирано првото законодавно и извршно тело на идната држава, а беше забранет и повратокот на кралот Петар II Караѓорѓевиќ и на владата во егзил. Во тој период Тито се двоумеше како да спречи споделување на власта со монархистите, додека Черчил инсистираше на плурализам. Но, партизанското раководство сметаше дека оние што ја поминале војната во туѓина не можат да управуваат со земја ослободена со огромни жртви.

По 1945 година, партизаните веќе ги контролираа сите институции и можеше отворено да се воспостави југословенскиот модел по комунистички принципи. Првите прослави го нагласуваа сојузништвото меѓу Тито и Сталин, а по разидувањето во 1948 година, Денот на Републиката стана симбол на партизанската победа, антифашизмот и култот кон Тито. Во прославите се вложуваа значителни средства, a традицијата продолжи до распаѓањето на државата.

— реклама —

По 2002 година празникот и официјално престана да се одбележува. За младите генерации 29 ноември е обичен ден, додека за постарите останува потсетник на поинакво време – за едни период на братство и единство, за други време на идеолошка строгост, контрола и цензура. Како и многу датуми од поранешната држава, и овој останува дел од сложената историја и различните сеќавања на народите од поранешна Југославија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryh6lvsedpfmu03fKt8D8

29 ноември – денот кога се славеше Републиката во поранешна Југославија

Свет | пред 1 месец

solkanski-most

Две железнички лини од поранешна Југославија рангирани помеѓу десетте најубави

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања