Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Семејни собири, пионерски заклетви и два дена одмор: денес Југославија ќе го славеше Денот на Републиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-libraryu1800nl7rp3g1SRDEMs

Во времето на поранешна Југославија, 29 ноември беше ден за свечености, пионерски заклетви, семејни собири и два слободни дена. Денот на Републиката беше еден од најзначајните државни празници, а и денес кај многумина буди спомени на едно поинакво време.

— реклама —

На 29 ноември 1945 година била прогласена Федеративна Народна Република Југославија, со што монархијата и формално била укината. Датумот се поврзувал и со Второто заседание на АВНОЈ, одржано на 29 ноември 1943 година во Јајце.

— реклама —

Празникот се одбележувал два дена, со свечености во училиштата и фабриките, а посебно место имал приемот на првачињата во Сојузот на пионерите. Децата добивале црвена марама и сина капа, по што ја положувале пионерската заклетва – ритуал што останал длабоко врежан во сеќавањата на многу генерации.

— реклама —

Со распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија во 1991 година, започнала промената на државниот празничен календар. Денот на Републиката постепено го изгубил своето официјално место и денес не е државен празник во Македонија.

— реклама —

Сепак, 29 ноември и понатаму е дел од колективната меморија. За едни е потсетник на детството и младоста, за други на семејните приказни, музиката, филмовите и културните обележја на една држава што повеќе не постои.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library69fqtegusji19Pvvy53

Ахмети: Јас ја уништив Југославија, не сум претставник на мачки, туку на лавови

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-libraryitksoec2mu4afLjgwAJ

Од АВНОЈ до распадот: што претставуваше 29 ноември за поранешна Југославија?

Магазин | пред 1 година

media-libraryh6lvsedpfmu03fKt8D8

29 ноември – денот кога се славеше Републиката во поранешна Југославија

Свет | пред 1 година

solkanski-most

Две железнички лини од поранешна Југославија рангирани помеѓу десетте најубави

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања