Промени тема
Контакт

Од гробот на тапанарот на ДНК, Ѓорги, крадени предмети оставени во негов спомен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
gorgi-gorgiev1111-860x572-1

Фатени се две лица кои два дена краделе предмети оставени на гробишта, во спомен на загинатиот тапанар од ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој не успеа да се спаси од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ги фатил таткото на Ѓоргиев, а потоа и МВР. Тие не можат да бидат гонети од државата поради вредноста на предметите, но тоа можат да го направат од семејството со приватна тужба.

— реклама —

„Тато ги фати сине, два дена седеше цел ден да ги чека, ама успеа. Успеа сине како што успеа да ве направи најпристојните деца“, напиша мајката на Ѓорги во коментар на социјалните мрежи.

— реклама —

Двете лица се од струмичка Баница. Од МВР велат дека постапувале по пријавата од таткото на Ѓорги.

— реклама —

„Во полициската станица Струмица Д.Ѓ.(46) од Струмица пријавил дека од надгробно место на неговиот покоен син лоцирано на Градските гробишта во Струмица биле одземени украси и други предмети. По преземените мерки од СВР Струмица се откриени сторителите на делото, при што е утврдено дека се работи за лицата В.С.(61) и Т.С.(60) и двајцата од село Баница, струмичко“, велат од МВР.

За тоа кои се сторителите, известено е семејството, кои според законот, можат да покренат и тужба против нив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

Двајца или тројца луѓе биле потребни за да се извлече едно лице од дискотеката, сведочеше пожарникар за трагедијата во „Пулс“

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
IMG_5515

„И Бурџ Калифа ќе испадне занаетчиска работа!“ – родителите на загинатите во „Пулс“ револтирани од вештачењето претставено во судот

Македонија | пред 4 дена

IMG_5572

„Концертот требало да биде спречен!“ – родителите на жртвите од „Пулс“ со жестока реакција

Македонија | пред 5 дена

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ по барањето на одбраната за супервештачење: Како вештак што не може да одговори на сите прашања ќе го оспори целото вештачење

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања