Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Од Мицкоски ништо ново - повторно идеја за изборен грабеж на гласовите од дијаспората“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ преку соопштение ја обвини Владата и премиерот Христијан Мицкоски дека повторно се обидуваат да воведат модел кој, според партијата, остава простор за злоупотреби при гласањето на македонските државјани во дијаспората.

— реклама —

Од партијата велат дека не се против правото на дијаспората да гласа, туку против, како што наведуваат, можноста за изборни манипулации.

— реклама —

„Лага е дека СДСМ е против тоа дијаспората да гласа. СДСМ е против Мицкоски да гласа наместо дијаспората“, наведуваат од партијата.

Според СДСМ, по нивното противење на предлогот за електронско гласање, сега се предлага гласање по пошта, за кое оценуваат дека, без јасни механизми за контрола и верификација, носи ризик од злоупотреби и не гарантира тајност на гласањето.

— реклама —

Од партијата сметаат дека Државната изборна комисија треба, со консензус, да ги утврди правилата за гласање на дијаспората и предупредуваат дека нема да поддржат решенија кои, според нив, можат да доведат до изборни нерегуларности.

— реклама —

Во соопштението, СДСМ ја повика власта да се откаже од предложените измени и да предложи модел кој ќе обезбеди фер, безбедно и транспарентно гласање за македонските државјани што живеат во странство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања