„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од Њујорк и Лондон до Скопје: „Приказната за Силјан“ конечно пред домашната публика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Магазин
media-librarymjq1mhl2uimu9hMevK0

Вечерва, со почеток во 20:30 часот, на сцената на Македонски народен театар ќе се одржи свечената домашна премиера на филмот Приказната за Силјан, најновото авторско остварување на Тамара Котевска, кое македонската публика со месеци го очекува по неговиот успешен меѓународен фестивалски пат.

— реклама —

По американската премиера во Њујорк и британската во Лондон, „Приказната за Силјан“ за првпат ќе биде прикажан во Скопје, во рамки на настан кој претставува преседан за домашната културна сцена – МНТ првпат е домаќин на кино-премиера од ваков обем, со присуство на целата филмска екипа. Свечената проекција е замислена како културен настан што ги спојува театарот и филмот, домашната публика и авторите на едно од најнаградуваните македонски документарни остварувања во последните години.

— реклама —
14xo8s-0kU4
— реклама —

Филмот веќе ја потврди својата меѓународна релевантност преку бројни награди, признанија и номинации на водечки светски фестивали, а дополнителна потврда за неговата уметничка и продукциска вредност е и откупот од National Geographic. Светските филмски критичари го опишаа „Силјан“ како „триумф“, „апсолутен шармер“ и „импресивно дело“, нагласувајќи ја неговата „прекрасна и нежна меланхолија, длабоко поврзана со екосистемот и притисокот на модерниот живот во Македонија“.

„Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен документарец што зборува за издржливоста, грижата и малите човечки постапки кои имаат моќ да го променат животот. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики и секојдневната егзистенцијална борба, наоѓа ранет бел штрк на депонија и одлучува да го спаси. Односот што полека се гради меѓу човекот и животното, преку доверба и трпение, прераснува во длабока врска што му ја враќа смислата на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги оживува старите преданија и односот кон природата.

По вечерашната премиера во Скопје, филмот ќе продолжи со прикажување во кино салите низ главниот град, а потоа и низ останатите македонски градови, овозможувајќи му на пошироката публика директна средба со оваа тивка, но моќна приказна.

Иако „Приказната за Силјан“ не се најде меѓу 15-те документарни филмови во потесниот избор за Оскар, што денеска го објави Американска академија за подвижни слики, филмот и натаму останува еден од најзначајните македонски културни извозни производи во последните години. Финалните номинации за Оскар ќе бидат соопштени на 22 јануари 2026 година, а годинашната конкуренција беше исклучително силна, со вкупно 201 пријавен документарен филм.

Режисерката Тамара Котевска изјави дека е горда што една македонска приказна успеала да одекне на светско ниво, нагласувајќи дека најголемата вредност на филмот е токму во неговата видливост и во поддршката што ја добива од домашната јавност. Таа оцени дека „Силјан“ станува гласен и значаен, што, според неа, е суштинската цел на секое филмско дело.

Филмот беше квалификуван во две категории за Оскар – најдобар странски филм и најдобар документарец – а досега освои или беше номиниран за значајни награди на фестивалите во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit Awards, PGA Awards, Eye Cinema Audience Award и други релевантни меѓународни манифестации. Македонската оскаровска кампања во категоријата најдобар странски филм беше поддржана од Агенција за филм на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt13iusqp4nqo3Ewghp7

Македонскиот филм „Силјан“ застана чекор пред оскаровската трка

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryrusapq74tb7v2PF3VPG

„Силјан“ триумфираше во Лос Анџелес: голема победа за Тамара Котевска, уште поголеми се шансите да биде номиниран за оскар!

Магазин | пред 4 седмици

media-libraryt13iusqp4nqo3Ewghp7

Документарецот „Приказната за Силјан“ ќе биде прикажан на National Geographic Documentary Films

Македонија | пред 3 месеци

siljan

„Силјан“ е македонскиот кандидат за „Оскар“ за најдобар интернационален филм

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања