Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од октомври студентите повторно ќе се вселуваат во студентскиот дом „Стив Наумов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryl61iqfpemnq42PhKZ6s

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда, при што најави дека студентите ќе можат да се сместуваат од почетокот на новата академска година, во октомври.

— реклама —

Според Јаневска, реконструкцијата на државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ се одвива паралелно и градежните активности треба да завршат во јули, по што ќе следи опремување на собите и останатите простории.

„Условите ќе бидат модерни, по високи европски стандарди за сместување и енергетска ефикасност. Нема да има бркање глодари и инсекти, промаја, лепени прозорци и неисправни тоалети и бојлери“, изјави Јаневска.

— реклама —

Таа посочи дека за реконструкција на останатите седум државни студентски домови се обезбедени околу 50 милиони евра, од кои повеќе од 10 милиони евра се грантови, со поддршка од Европската Унија, Германската развојна банка и Фондот за инвестиции на Западен Балкан.

— реклама —

Министерката нагласи дека Владата продолжува со мерките за подобрување на студентскиот стандард преку субвенциониран студентски оброк, бесплатен градски превоз, ваучери за ИТ уреди и дигитализација на постапките за студентски права.

Таа најави дека и во новата академска година ќе бидат доделени 3.000 стипендии, а за првпат ќе има и посебна категорија стипендии за студенти со попреченост и ретки болести.

— реклама —

„Целта е младите да останат тука и да бидат задоволни од грижата што ја добиваат од државата“, порача Јаневска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска најави унапредување на наставните содржини за сообраќајна безбедност

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања