На слава во село Павловац, од печено месо повеќе од 20 лица се јавиле на лекар поради симптоми од труење.
Четири лица, вчера, се задржани на одделението за инфективни болести во Општата болница во Врање.
Како што соопштија од Здравствениот дом во Врање, меѓу затруените има и деца.
Сите пациенти се пуштени дома по прегледот, а четирите возрасни лица кои биле задржани се во стабилна состојба.