Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од расправија на социјални мрежи до тепачка и пукање во двор во тетовско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library4odqdbcfos6c9CSpvQW

СВР Тетово информира за серија поврзани инциденти што започнале со физички напад, а ескалирале со употреба на огнено оружје во тетовско.

— реклама —

Според пријавата, на 5 мај околу пладне, на регионалниот пат Тетово–Јажинце, 31-годишен жител на село Стримница бил физички нападнат од три лица, по претходно недоразбирање на социјални мрежи. Нападнатиот се здобил со повреди кои му биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово.

— реклама —

Двајца од осомничените, меѓу кои и едно малолетно лице, подоцна сами се пријавиле во полициска станица. По разговор во присуство на родител и адвокат, малолетникот бил пуштен, додека 25-годишниот напаѓач бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. За третото лице се преземаат мерки.

— реклама —

Инцидентот добил дополнителна тежина неколку часа подоцна, кога сопругата на нападнатиот пријавила дека во нивниот двор во Стримница дошле две маскирани лица со мотоцикл и испукале истрели од огнено оружје, по што избегале.

— реклама —

Полицијата работи на идентификување и пронаоѓање на сторителите, како и на целосно расчистување на сите околности поврзани со случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 15 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 15 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања