Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Од утре клиентите на „Алта банка“ без картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, шалтерите ќе работат и во сабота

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 59 минути -

Македонија
media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Од утре, 5 ноември, клиентите на „Алта банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки, но не поседуваат платежни картички, ќе можат да подигнат готовина на шалтерите во главната филијала во Битола. Максималниот износ што ќе можат да го повлечат е 20.000 денари во период од две недели, информира Народната банка.

— реклама —

Исплатата ќе се врши на повеќе шалтери во филијалата на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, а услугата првенствено е наменета за пензионерите и примателите на социјална помош кои средствата ги добиваат преку сметки во банката.

— реклама —

Клиентите ќе добијат СМС-пораки со известување за датумот и времето кога треба да дојдат за подигање на парите. Исплатите ќе се организираат во текот на повеќе денови, според однапред утврден распоред.

Од Народната банка апелираат граѓаните да ги почитуваат добиените термини и да не доаѓаат порано или во денови кога не се повикани, за да се избегнат метеж и подолго чекање. За оние кои нема да можат да дојдат во предвидениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни можности за исплата.

— реклама —

Од петок, 6 ноември, вклучително и во сабота, 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени. Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина, без можност за извршување други трансакции.

— реклама —

Народната банка најави дека се подготвува отворање шалтери и во други градови, наменети за пензионерите и примателите на социјална помош. Дополнителните информации за организацијата на исплатите ќе бидат објавени наскоро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6kk99rncb9hveaqKaiy

Притвор од 30 дена за сопственикот на „Алта банка“, осомничен за стекнување противправна имотна корист од околу 45 милијарди динари

Балкан | пред 55 минути

— реклама —
media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Српската „Алта банка“ има три дена да одлучи за продажба на акциите во Битола, потоа постапува Народната банка

Македонија | пред 1 час

media-librarylpfbpa13i34b52NkC3X

Отворена стечајна постапка над АЛТА банка во Србија: Доверителите имаат 90 дена да ги пријават побарувањата

Свет | пред 17 часа

media-library4ej5g05e0o6q6bvmDEQ

„Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите“, тврди Славески

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања