Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Од Затворот Идризово телефонски измамил угостители во Гевгелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
655-402-zatvor

СВР Струмица - ОВР Гевгелија до Основно јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против 45-годишниот И.П. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“.

— реклама —
— реклама —

Пријавениот И.П. кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа – Затвор Идризово во периодот од 05.12 до 21.12.2024 телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции (Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат) ги довел во заблуда оштетените ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи по наводни поднесени пријави до надлежни институции за труење со храна во нивните објекти.

— реклама —
— реклама —

Во еден од случаите оштетениот со посредство на трето лице му дал паричен надомест во износ од 2000 евра на пријавениот, а по неколку дена откако сфатил дека е измамен случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Гевгелија и СВР Скопје во координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, ОСОСК Скопје и ОЈО Гевгелија биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворска ќелија, каде биле пронајдени предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тројца повредени во судир на два мопеда во Маџари, еден е малолетник со тешки повреди

Македонија | пред 17 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си, вратен во затворот во Прилеп

Македонија | пред 17 часа

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

„Јагуар“ удри осумгодишно девојче во Гостивар, детето е тешко повредено

Македонија | пред 17 часа

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Пет деца од Велес однесени во „СОС Детско село“, родителите приведени за запуштање и малтретирање

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања