Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Од жесток противник до договор без проблеми: Родригез прифати нафтен аранжман по мерка на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryihaq269kfcdkbbaN0WI
ФБ

Иако на почетокот бурно го осуди упадот и ја критикуваше операцијата на Доналд Трамп, в.д. претседателката на Венецуела Делси Родригез на крајот ја прифати економската рамка што ја наметна Вашингтон и се согласи средствата од нафта да се трошат на американски производи, јавија светските медиуми.

Родригез, која ја презеде улогата в.д претседателка по апсењето на поранешниот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили, најпрво ја осуди акцијата како „илегален напад“. Сепак, во следните денови нејзиниот тон се смени, а таа изрази подготвеност да соработува со САД околу енергетските и економските прашања.

— реклама —

Американскиот претседател на социјалната мрежа Truth Social објави дека Венецуела, користејќи ги приходите од новиот договор за нафта со САД, ќе купува исклучиво производи произведени во Соединетите Американски Држави. Според Трамп, средствата од продажбата на венецуелската нафта ќе бидат наменети за набавка на американски земјоделски производи, лекови, медицинска опрема и опрема за модернизација на електричната мрежа. Трамп оцени дека овие мерки ја зајакнуваат улогата на САД како главен економски партнер на Венецуела и дека ова е „мудар потег“ со потенцијални бенефити за обете земји.

Ова следува откако Трамп соопшти дека Венецуела се согласила да достави од 30 до 50 милиони барели нафта на американскиот пазар, а приходите од таа продажба ќе бидат под контрола на Вашингтон.

— реклама —

Според правните одлуки на Врховниот суд на Венецуела, Родригез ја презела функцијата в.д. претседателка за да го гарантира административното продолжување на државата по заминувањето на Мадуро, а не како резултат на изборен мандат. Таа ја положи заклетвата на 5. јануари 2026 година пред Националното собрание.

— реклама —

Аналитичари предупредуваат дека нејзиниот чекор да ги прифати условите од Трамп може да ја зголеми зависноста на Венецуела од американскиот пазар, додека некои ја гледаат оваа соработка како засилена контрола на САД врз венецуелските енергетски ресурси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Над 5.000 жртви во разорните земјотреси во Венецуела

Свет | пред 2 седмици

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на речиси 4.500

Свет | пред 3 седмици

media-librarysfjm4bka4q5s8ezav4e

Бројот на жртви во Венецуела се искачи на 4.118, речиси 18.000 луѓе останаа без дом

Свет | пред 3 седмици

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на речиси 4.000

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања