Одбележан 7-ми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

ОО
media-library6k6ddhhirp3n3Mb1QyS

Со свечена академија „Охридска музичка антологија“ што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ вчеравечер започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.

— реклама —

Пред своите сограѓани се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —

– Во предвечерието на 7 Ноември по 81 пат прославуваме за слободата на нашиот чудесен Охрид, славиме за едно големо време и едни големи луѓе кои со живот ја заработија слободата во која денес ние живееме.

Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашиов Охрид, уште еднаш го исполнуваме аманетот со крв испишан од партизаните.
Славејќи ја нивната жртва  за слободен  град , уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ има сила да чекори кон вечноста!
 Денеска срцaтa на охриѓани  чукаат  посилно од кога и да е, кога можеме гордо, во слобода, да се сетиме на заветот на младите борци срочен во синтагмата: „СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!“.
Ваквиот цврст став на нашите борци е клучот за опстанокот и надминувањето на сите обиди за згаснување на македонскиот национален идентитет.

Херојската и безрезервна борба за основни права и светла иднина не познава никакви граници.

Денес славиме за хероите  на претходното, наше и идно време.  Јасна Ристеска, Андон Дуков, Петре Пирузе,  Момчило Јорданоски, Кирил Главинчев се само дел од плејадата млади охриѓани кои никогаш нема да бидат однесени во заборав, затоа што нив им ја должиме слободата. На овој ден, славиме и  за   оние без кои големите револуционери не би можеле да ја водат битката за Охрид. Тоа се
мажите, жените, па дури и децата, кои со својот придонес ја поддржале македонската борба за права и еднаквост со останатите народи, со кои рамо до рамо се боревме во антифашистичката војна.

Само синови и ќерки на Македонија можат да истраат тогаш кога е тешко. Само тие можат да дадат се од себе, бидејќи станува збор за нивните домови и семејства, за нивната земја!

Новото време раѓа нови борци кои со интелект и ителектуалност војуваат за подобар економски статус, живот и напредок на своите сограѓани.

Денеска во слободен Охрид се бориме за подобар животен стандард  на сегашните и идни генерации. Инфраструктурно го разубвуваме градот. Градиме нови детски градинки, училишта плоштади. Се грижиме да го сочуваме и разубавиме она што во традиција се предавало од поколенија во поколенија.

Нашиот чудесен Охрид, градот на УНЕСКО со прекрасното езеро, со климентова и самоилова традиција, одамна е мека за илјадници туристи од цел Свет, а работиме нивниот број постојано да расте.

Ние сме еден прекрасен мозаик на добри луѓе со различна етничка и верска припадност кои негуваме прекрасен соживот и и уживаме во различностие кои ја градат нашата целина.

 Ншите херои од НОВ  се добар пример кој не води во животот. Сеќавајќи се за сите оние кои не прашувале за цена, за ризик или за смрт сваќаме во колку подобра положба сме биле од нив.
Затоа на овој ден, им изразуваме почит и се поклонуваме  пред нивните дела, кои ја овозможија иднината која ние ја живееме, а за која тие сонуваа.

На знајните и незнајни херои од епската ера од Народно ослободителната ера- Слава им!Нека е вечен и од Бога благословен нашиот убав град Охрид!- рече градоначалникот Пецаков.

На свеченоста се обрати и Претседателот на охридскиот музички еснаф, Венко Пашоски по што следеше културно –уметничка програма. Актерот Жарко Спасовски изведе монолог „Гласот на борците“, а се одржа и концерт на охридскиот музички еснаф „Охридски музички времеплов“. Настапија музичките изведувачи Ефто Пупиноски, Митко Колјушевски, Мишко Србиноски, Ристе Наумовски, Петар Трајановски, Милован Секулоски, Кирил Белистојановски, Владо Костоски, Игор Бежаноски, придужувани од оркестарот на Ангел Трајковски –виолина, Ристе Довлев- Виолина, Бранко Тасески –виолина, Петар Паскали –виолина, Тони Вретоски –прим, Венко Пашоски –прим, Скендер Дучи –ут, Петар Кочовски –хармоника, Кирче Аслимоски-хармоника, Климент Петрески –гитара, Климент Малчески –контрабас, Јован Пазаркоски- акустична гитара, бас, Христијан Чавкоски –бас,  Вања Танкоски –перкусии, Оливер Костевски-перкусии

— реклама —

Во рамки на свечената програма вчера попладне во куќата на Робевци беа отворени уметничките изложби на слики и мозаици од академските уметници Славко и Никола Упевче.

Чествувањата за празникот продолжуваат денеска со полагање цвеќе пред спомен обележјата на борците во дворот на  СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и пред спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне. Утре  со свеченост своите патрони празници ќе ги одбележат ЈП „Охридски Комуналец“ и детската градинка „Јасна Ристеска“.

7-Noemvri-20251106001

7-Noemvri-20251106002

7-Noemvri-20251106003

7-Noemvri-20251106004

7-Noemvri-20251106005

7-Noemvri-20251106006

7-Noemvri-20251106007

7-Noemvri-20251106009

7-Noemvri-20251106010

7-Noemvri-20251106011

7-Noemvri-20251106012

7-Noemvri-20251106013

7-Noemvri-20251106014

7-Noemvri-20251106015

7-Noemvri-20251106016

7-Noemvri-20251106017

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryooa6qk51d0j693IBSQ6

(Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад

Настани | пред 17 часа

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-7110PM

Пијан возач удрил во друго возило на кејот во Охрид, полицијата го уапсила со 2,48 промили алкохол

Охрид | пред 3 дена

media-libraryp24ke1v5ijk0aUMB2oQ

Охридски Комуналец со интензивни активности за уредување и одржување на јавното зеленило

ОО | пред 4 дена

media-library1jsujr6vk9o66QBUsTx

ЈП „Охридски Комуналец“ расчисти диви депонии од потегот Лагадин – Пештани

ОО | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања