Одбележан јубилејот – 90 години од основањето на Хидробиолошкиот завод во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

ОО

Со свечена академија која се одржа денеска напладне во црквата „Св. Софија“ во Охрид, ЈНУ Хидробиолошки завод одбележува 90-годишнина од основањето.

— реклама —

На свечноста свое обраќање пред присутните гости имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

— реклама —

— реклама —

  • MEGA6159Почестен сум и горд што денеска сум тука со вас, во древниот храм на духовноста, за да прославиме еден исклучително значаен јубилеј за Охрид и науката во Македонија, а тоа се 90 години од основањето на Хидробиолошкиот Завод.

Овој голем јубилеј не е само бројка, овој јубилеј е сведоштво за едно патување низ времето, исполнето со истражувања, откритија, научни трудови и пожртвувана работа на генерации научници, кои својата љубов кон природата ја преточиле во знаење и дела.

Хидробиолошкиот Завод е темел на научното проучување на Охридското Езеро, нашето непроценливо богатство. Од своето основање до денес, тој ја носи мисијата да ја чува неговата уникатна флора и фауна, да ја објаснува неговата тајна долговечност и да создава мост помеѓу науката и општеството.

Во овие девет децении е вграден трудот на нашите научници, нивната визија и верба дека знаењето е најсилната алатка за зачувување на природата. Дозволете ми да упатам благодарност до сите оние кои го градеа овој центар на знаењето, од првите визионери, до денешните истражувачи и вработени.

Благодарение на нив, денес со гордост можеме да кажеме дека Охридското Езеро не е само наше богатство, туку е дар за целото човештво, како светско природно наследство.

Oвој јубилеј е и потсетник дека науката нема крај. Таа е патека што секогаш води кон нови прашања, нови одговори и нови предизвици. Затоа, денес со интерес се навраќаме на минатото, но уште посвесно гледаме кон иднината, кон новите генерации кои ќе ја продолжат оваа благородна мисија.

‎Големиот светски научник Алберт Ајнштајн рекол „Погледнете длабоко во природата и ќе го разберете подобро светот.“ Оваа мисла не потсетува дека преку природната реткост на нашето езеро може подобро да го разбереме светот, а преку науката да ја сочуваме неговата уникатност и убавина.

Посакувам овој јубилеј да ни покаже дека науката е најголемиот светилник на патот по кој чекориме, а природата е нашата најголема инспирација.

Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам искрени честитки за овој голем јубилеј, со надеж дека ќе продолжиме и во иднина да соработуваме, да се поддржуваме и да ги менаџираме сите предизвици на новото време.

Верувам дека Хидробиолошкиот завод ќе продолжи да расте и да се развива и дека во иднина ќе прославува уште многу значајни годишнини и јубилеи, истакна Пецаков во своето обраќање.

На свечената академија сво еобраќање имаше претседателката на Република Македонја, Гордана Силјаноска Давкова и директорката на Хидробиолошкиот завод, д-р Орхидеја Тасевска.

Хидробиолошкиот Завод е основан во 1935 година и е јавна владина високо образовна и научно-истражувачка организација од национален интерес. Заводот претставува најстарата научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во Македонија чија главна преокупација е лимнологијата на природните езера на (Охридското, Преспанското и Дојранското), со особена нагласеност на Охридското Езеро – најстарото езеро во Европа и најголемото и најдлабоко во Македонија.

Хидробиолошкиот Завод активно придонесува во проучувањето и заштитата на Охридското Езеро и природните ресурси, со што се вбројува меѓу најзначајните научни институции во регионот.  Во текот на долгогодишните истражувања на Охридското Езеро повеќе од 800 трудови се публицирани и презентирани.

 

MEGA6001

MEGA6044

MEGA6053

MEGA6104

MEGA6116

MEGA6124

MEGA6159

MEGA6178

MEGA6183

MEGA6212

MEGA6274

MEGA6295-Enhanced-NR

MEGA6312

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryooa6qk51d0j693IBSQ6

(Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад

Настани | пред 17 часа

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-50-7110PM

Пијан возач удрил во друго возило на кејот во Охрид, полицијата го уапсила со 2,48 промили алкохол

Охрид | пред 3 дена

media-libraryp24ke1v5ijk0aUMB2oQ

Охридски Комуналец со интензивни активности за уредување и одржување на јавното зеленило

ОО | пред 4 дена

media-library1jsujr6vk9o66QBUsTx

ЈП „Охридски Комуналец“ расчисти диви депонии од потегот Лагадин – Пештани

ОО | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања