Промени тема
Контакт

Одговорниот за „добро владеење“ во Владата, Фетаи не работи, а се шета по светот со вицепремиерска плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Министерот за „добро владеење“, Фетаи не оди на работа, зема плата и си се шета по светот

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи повеќе од еден месец не се нема појавено на седница на Владата, но затоа редовно на неговата сметка му легнува плата, која за македонски услови е и повеќе од висока.

Тој официјално не е разрешен, а се откри самиот, објавувајќи фотографија за која вели дека е направена во Бангкок, на далечниот Тајланд.

— реклама —

Тој подолго време не се појавил во јавноста, а не одговара на повиците и новинарските прашања за тоа зошто не оди на работа, а прима плата.

Фетаи беше дел од крилото на поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, но остана во кабинетот кога Таравари минатата година ја напушти Владата и премина во опозиција. Со него остана и Азир Алиу, кој од информатичар седна во министерската фотелја во здравство.

Премиерот Мицковски призна дека Фетаи не доаѓа на работа, но и дека му се доверил дека не му е предизвик Владата, а себеси се гледа во приватни бизниси. Мицкоски навести дека ќе му понудел да го ангажира за други работи.

— реклама —

До најавената реконструкција на Владата, најавена за крајот на мај или почетокот на јуни, Фетаи ќе шета по светот со вицепремиерска плата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9us4r8egp6taHG4fjp

Вицепремиерот кој не одеше на работа во Влада сега е именувам за специјален пратеник за ЕУ во Брисел

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Владата усвои извештај за Стратегијата за транспарентност 2023–2026: 20 институции целосно објавиле информации за јавноста

Македонија | пред 6 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски со прозивка до Фетаи и Меџити: Да се извинат ако службените возила ги користеле за партиски активности

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-11-at-09.44.05

Нино Васев да оди во притвор, а не да седи во куќен притвор, бара Фетаи

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања