Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Владата усвои извештај за Стратегијата за транспарентност 2023–2026: 20 институции целосно објавиле информации за јавноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Владата на Република Македонија го усвои официјалниот извештај за реализацијата на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, кој сведочи за значителен напредок во отворањето на институциите кон граѓаните. Над 20 владини институции целосно ги објавиле информациите побарани од јавноста, додека 22 институции ги направиле транспарентни своите постапки за јавни набавки, конкретни чекори што ја зајакнуваат довербата на граѓаните во управувањето со јавните средства.

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на заклучоците од Стратегијата за транспарентност (2023–2026). Извештајот ги прикажува мерливите резултати постигнати од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата за политики на добро владеење, министерствата и другите државни институции.

— реклама —

Клучни постигнувања наведени во извештајот:

• Активна транспарентност кон граѓаните
20 институции ги објавиле на своите официјални веб-страници сите одговори на барањата за пристап до информации од јавен карактер, анонимизирани, почнувајќи од 24.6.2024 година. Три институции делумно ја исполниле оваа обврска, додека уште 15 институции се во завршна фаза на објавување.

— реклама —

• Отворање на постапките за јавни набавки
22 институции ги објавиле своите внатрешни процедури за јавни набавки на официјалните веб-страници.
По завршувањето на периодот на мониторинг, и Министерството за социјална политика, демографија и млади ја објави својата процедура, давајќи дополнителен позитивен пример. Во меѓувреме, уште 16 институции се во процес на финализирање на објавите.

— реклама —

• Унапредување на Акцискиот план
Ревидиран и усвоен е Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, со пореални рокови и јасно утврдени одговорности за секоја мерка.

• Дигитални чекори и подготовка за иднината
Министерството за дигитална трансформација работи на креирање посебни секции на владиниот портал за заменик-претседателите на Владата и министрите без ресор.
Исто така, веќе е формирана меѓуинституционалната работна група за изработка на Нацрт-стратегијата за транспарентност 2027–2029, а во наредните денови се очекува Владата формално да ја одобри, со цел интензивната работа да започне во текот на март.

— реклама —

Заменик-претседателот на Владата за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, истакна декатранспарентноста станува институционален стандард.

„Усвојувањето на овој извештај не е административен формалитет, туку доказ за реална посветеност да се обезбеди побрз и поцелосен пристап до информации. Преку меѓуинституционална соработка, градиме поотворена, поодговорна и подоверлива администрација за граѓаните“, истакна тој во своето обраќање на седницата. На овој начин, Владата на Република Северна Македонија покажува дека транспарентноста и отчетноста не се само политички ветувања, туку конкретни процеси што ја приближуваат администрацијата до граѓаните и ја зајакнуваат јавната доверба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb245tk731eih9elEW9w

(Видео) Новинарка ја праша Марта Кос: Oбјаснете ни како да изградиме доверба со членка на ЕУ која не признава јазик и идентитет?

Македонија | пред 40 минути

— реклама —
media-librarybf9eislfg7se13nu6nz

(Видео) Кос: Проширувањето на ЕУ не се темели на гаранции; Мицкоски: Нема план Б за Македонија

Македонија | пред 50 минути

media-librarypt10nu60f9eb2TUCcgJ

Марта Кос: Македонија има место во ЕУ, може да биде таму до 2028 година, но уставните измени остануваат неопходен чекор

Македонија | пред 54 минути

51989082_370770440319161_6422877176009326592_n

Мицкоски не потврди дали Димовски ќе биде секретар за добро владеење, за кого смета дека бил обвинет од СЈО кое било контролирано од СДСМ

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања