Промени тема
Контакт

Одложен почетокот на примирјето во Газа, Нетанјаху бара владина ратификација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
netanjahu

Иако светските медиуми пренесоа дека во појасот Газа стапил на сила прекин на огнот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека договорот ќе почне да се применува дури вечерва, по неговата ратификација од израелската влада.

Вистинската примена на договорот започнува кога владата ќе го одобри, а седницата е закажана за 18 часот по локално време, соопшти Нетанјаху.

— реклама —

Да потсетиме, доцна синоќа беше објавено дека Израел и Хамас постигнале договор за првата фаза од планот за прекин на војната во Газа, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Според првичните најави, двете страни требаше во 12 часот по локално време во Шарм ел Шеик и официјално да го потпишат договорот, по што веднаш би започнал прекинот на огнот.

— реклама —

Сепак, „ладен туш“ следеше само неколку часа подоцна, кога Нетанјаху соопшти дека спроведувањето на примирјето се одложува сè додека не биде официјално потврдено од израелската влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 9 часа

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 23 часа

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања