Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Одлуката на Трамп беше поништена од судот: САД ќе ги враќаат обележјата за ропството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Федерална судијка во САД ѝ нареди на американската влада да ги поништи измените направени на спомениците, меморијалите и информативните табли посветени на ропството, расизмот и дискриминацијата во националните паркови и јавните простори.

— реклама —

Окружната судијка од Бостон, Ејнџел Кели, оцени дека со ваквите потези владата се обидела да ја прекрои националната историја. Нејзината привремена одлука се однесува на Службата за национални паркови, која е надлежна за управување со јавните споменици, додека конечната судска одлука сè уште не е донесена.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп во март минатата година му наложи на Министерството за внатрешни работи да ги преиспита сите споменици, плочи и статуи со цел да утврди дали ја прикажуваат историјата на САД во негативно светло.

— реклама —

Како последица на тоа, низ земјата беа отстранети повеќе обележја поврзани со ропството, меѓу кои и информативната табла за робовите во домот на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон во Филаделфија. По поднесена тужба од градските власти, таа подоцна повторно беше поставена. На повеќе локации беа отстранети и содржини поврзани со климатските промени.

Судијката Кели истакна дека САД мора да ја раскажат целосната историја на земјата, особено во пресрет на 250-годишнината од независноста. Таа ѝ даде рок од 21 ден на владата да ги врати сите отстранети споменици и да ги поништи направените измени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 16 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања