Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата“, вели Муцунски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryf4e274u1oe0g4y7O7M8

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оцени дека одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара ќе придонесат за дополнително зајакнување на Алијансата и унапредување на колективната безбедност.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Муцунски истакна дека самитот испратил јасна порака за единството на НАТО и неговата посветеност на зајакнување на одбранбените капацитети.

— реклама —

„Пораката е јасна – НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина“, напиша министерот.

— реклама —

Тој информираше дека за време на Самитот остварил повеќе билатерални средби со министри и високи претставници од земјите членки на НАТО, како и со претставници на партнерските држави. На средбите, како што посочи, се разговарало за билатералната соработка, активностите во рамките на Алијансата, како и за актуелните регионални и глобални безбедносни предизвици.

— реклама —

Муцунски порача дека Македонија ќе продолжи активно да придонесува кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството на НАТО како посветен и кредибилен сојузник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 1 седмица

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања