Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Одморите поминете ги во Македонија, имаме прекрасни планини и езера, препорача Мицкоски поради новиот систем на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryn43vds8ao661dgBPmQJ
screenshot youtube

Премиерот Христијан Мицкоски упати апел до македонските граѓани дел од летниот одмор да го поминат во земјата, по воведувањето на новиот дигитален систем за евиденција на патници од страна на Европската Унија, за државјани од земји кои не се членки на Шенген-зоната.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе побара одложување на примената на системот во летниот период, Мицкоски изјави дека се водат разговори во рамките на Европската Унија, но нагласи дека Македонија располага со доволно домашни туристички капацитети.

— реклама —

Тој ги повика граѓаните да ги искористат природните убавини на земјата, истакнувајќи ги езерата, планините и селата, и порача дека „самите треба да си ја чуваме земјата затоа што друга немаме“.

— реклама —

Повод за новите мерки е системот на Европската Унија познат како „влез–излез“ (EES), кој се однесува на државјани од трети земји и се применува во 29 европски држави. Системот предвидува при прв влез патниците да даваат биометриски податоци, вклучувајќи скенирање на пасош, отпечатоци од прсти и фотографија.

— реклама —

Иако е наменет за поефикасна гранична контрола, неговата примена веќе предизвикува доцнења и гужви на дел од европските гранични премини, особено во периоди на зголемен сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања