Промени тема
Контакт

Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител од Битола кој е осомничен за влијание врз обвинители и судии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryq6h6n96qfq206ObAFIV
Илустрација / Скопје1

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определил мерки за претпазливост против П.В., виш јавен обвинител од Битола, по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

— реклама —

Осомничениот бил сослушан во присуство на неговиот бранител, по што судот ги разгледал фактите и доказите наведени во предлогот на обвинителството и го прифатил барањето за определување мерки за претпазливост.

— реклама —

П.В. се сомничи за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3, во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Со судското решение му се определени две мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности.

— реклама —

Од Основниот кривичен суд Скопје појаснуваат дека судот не може да определи построга мерка од онаа што ја предложил јавниот обвинител.

— реклама —

Против решението странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r1gtljknfr60an85SL

Шест телефони, компјутер и УСБ одземени од вишиот обвинител осомничен за противзаконито влијание

Македонија | пред 57 минути

— реклама —
media-library22om6mastt1pfvbelXo

ОЈО отвори постапка против виш јавен обвинител од Битола осомничен за влијание врз обвинители и судии во најмалку четири предмети

Македонија | пред 3 часа

media-libraryn2s14p02pmis4E6q8NV

Приведениот обвинител го сомничат за примање награда за противзаконито влијание, му го претресуваат домот, а и канцеларијата

Македонија | пред 17 часа

media-libraryi9btsqpveo2mfucTRCy

Нов потрес во правосудството: Приведен обвинител од Вишото обвинителство во Битола поради враќање на пасош на бизнисмен

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања