Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Шест телефони, компјутер и УСБ одземени од вишиот обвинител осомничен за противзаконито влијание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library9r1gtljknfr60an85SL
Фото: AI

Шест мобилни телефони, персонален компјутер и УСБ се пронајдени и одземени при претресите кај 61-годишниот виш јавен обвинител од Битола, кој е осомничен дека во повеќе наврати влијаел врз други обвинители за сторители да добијат поблаги казни, соопшти МВР.

— реклама —

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал денеска до ОЈО за ГОКК поднел кривична пријава против П.В. (61) од Прилеп за „примање награда за противзаконито влијание“.

П.В. е лишен од слобода, а полицијата извршила претрес во неговиот дом во Прилеп и во службените простории што ги користел.

— реклама —

„Пронајдени и одземени се шест мобилни телефонски апарати, едно УСБ и еден персонален компјутер“, соопшти МВР.

— реклама —

Според сомненијата на полицијата, П.В., во својство на виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола, во повеќе наврати влијаел врз одлуките што ги носеле други јавни обвинители.

МВР наведува дека целта на влијанието била да се изрекуваат поблаги казни за сторителите.

Кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq6h6n96qfq206ObAFIV

Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител од Битола кој е осомничен за влијание врз обвинители и судии

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library22om6mastt1pfvbelXo

ОЈО отвори постапка против виш јавен обвинител од Битола осомничен за влијание врз обвинители и судии во најмалку четири предмети

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn2s14p02pmis4E6q8NV

Приведениот обвинител го сомничат за примање награда за противзаконито влијание, му го претресуваат домот, а и канцеларијата

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryi9btsqpveo2mfucTRCy

Нов потрес во правосудството: Приведен обвинител од Вишото обвинителство во Битола поради враќање на пасош на бизнисмен

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања