Промени тема
Контакт

ОЈО отвори постапка против виш јавен обвинител од Битола осомничен за влијание врз обвинители и судии во најмалку четири предмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library22om6mastt1pfvbelXo

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола поради сомнение дека сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

— реклама —

Според Обвинителството, во претходниот период биле преземени повеќе дејствија и биле применети посебни истражни мерки, при што биле обезбедени докази што упатуваат на основано сомнение дека обвинителот ја користел својата службена положба и реалното влијание за да влијае врз одлучувањето на други јавни обвинители и судии.

Сомненијата се однесуваат на најмалку четири одделни предмети на подрачјето каде што ја извршувал својата функција. Според наводите на Обвинителството, тој ургирал за изрекување пониски казни или за обезбедување поповолна положба за осомничени или обвинети лица во кривични постапки.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден, по судска наредба, биле извршени претреси во домот на осомничениот, како и во просториите на ВЈО Битола. Целта на претресите била обезбедување дополнителни докази поврзани со случајот.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител продолжува со испитување на наводите и доказите во предметот. До судијата на претходна постапка е доставен и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот.

Предложените мерки опфаќаат одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно негово оддалечување од работното место.

— реклама —
media-libraryi9btsqpveo2mfucTRCy

Нов потрес во правосудството: Приведен обвинител од Вишото обвинителство во Битола поради враќање на пасош на бизнисмен

Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола вечерва бил лишен од слобода од полицијата во Прилеп, дознава „Скопје1“ од неофицијални извори.Според првичните информации, приведувањето наводно е поврзано со постапувањето околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.Во јуни обвинител од Основното јавно обвинителство Струга дал негативно мислење за барањето на одбраната на Марковски да му биде вратена патната исправа. По ново барање на одбраната, предметот бил доставен до

Македонија | пред 16 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn2s14p02pmis4E6q8NV

Приведениот обвинител го сомничат за примање награда за противзаконито влијание, му го претресуваат домот, а и канцеларијата

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryi9btsqpveo2mfucTRCy

Нов потрес во правосудството: Приведен обвинител од Вишото обвинителство во Битола поради враќање на пасош на бизнисмен

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања