„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Огласена продажбата на луксузните станови на Никола Груевски – државата нуди имот вреден над 2,4 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
gruevski-nikola-543

— реклама —

Пет станови. за кои судот посочи дека се на поранешниот премиер Никола Груевски, а кои беа конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“, се официјално ставени на продажба, објави Фокус.

— реклама —

Агенцијата за управување со одземен имот го огласи недвижниот имот, кој вклучува три ексклузивни стана во комплексот „Панорама“ на Водно, со вкупна површина од 750 м² и вредност од над 2,4 милиони евра. Становите се луксузно уредени со пространи балкони, од кои се пружа панорамски поглед кон Скопје.

  • Стан 1: 155 м² + 95 м² балкон – 760.000 евра

  • Стан 2: 199 м² + 48 м² балкон – 847.000 евра

  • Стан 3: 200 м² + 48 м² балкон – 851.000 евра

Покрај имотот на Водно, на продажба се и два стана во Кисела Вода, во зградата каде Груевски живееше пред бегството. Едниот од 57 м² се продава за 63.000 евра, а другиот од 38 м² за 44.000 евра.

Становите се нудат согласно новиот Закон за управување со одземен имот, усвоен во март 2025, со кој се забранува учество на членови од семејството на поранешните сопственици на јавни аукции. Оваа законска измена доаѓа откако дел од имотот на Сашо Мијалков беше купен од неговиот син, што предизвика критики и потреба од правни измени за да се спречи враќањето на имотот кај осудени лица или нивни блиски.

Продажбата на имотот на Груевски се смета за симболичен, но важен чекор во напорите на државата за враќање на средствата стекнати преку криминал и зајакнување на принципот на правна држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања