Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Огнена стихија на Хвар: Зафатени вили и лозја, пожарникарите водат битка со пламените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-libraryato0hjj84p2g6vM4BCF
Илустрација

Голем пожар избувна на островот Хвар во Хрватска, на подрачјето меѓу Јагодна и Иван Долац, по што беше покрената обемна акција за негово гаснење. На терен се распоредени бројни пожарникари, а во интервенцијата од воздух се вклучени и четири авиони „канадер“.

— реклама —

Во гаснењето учествуваат екипи од доброволните противпожарни друштва од Хвар, Јелса и Стари Град, кои се обидуваат да спречат огнот да се прошири кон населените места.

— реклама —

Според првичните информации, пламените јазици зафатиле делови од неколку вили и лозови насади, при што е причинета материјална штета.

— реклама —

Од Оперативната противпожарна команда во Дивуље предупредуваат дека најавеното засилување на ветерот може дополнително да ја искомплицира состојбата и да го забрза ширењето на пожарот.

— реклама —

И покрај сериозната ситуација, според последните информации, пожарникарите успеале да ги заштитат станбените објекти, а акцијата за целосно локализирање на пожарот продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 2 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 3 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања