„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ограбен автомобил на бугарски државјанин во Скопје, осомничени двајца соизвршители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
krazba-na-kola-701x466

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години кои се осомничени дека заедно извршиле – Тешка кражба, кривично дело казниво според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —

Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот “Илинденска”, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој.

Од автомобилот БМВ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог со кој побара двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryinkk4m84mibubJNwixZ

Од „не поднесувам оставка“ до заминување: Коцевски си замина по месеци тврдења дека нема да се повлече

Македонија | пред 2 седмици

kokain-marihuana

(Фото) Прилепчанец фатен со над 32 килограми марихуана на патот Битола–Прилеп

Македонија | пред 3 месеци

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

Се истражуваат незаконските следења и прислушувања: Обвинителството со став

Македонија | пред 3 месеци

danela-arsovska2

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска - познати сите детали од Обвинителството

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања