Иако главниот туристички бран во Охрид постепено стивнува, градот и понатаму е исполнет со посетители, поради што екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ продолжуваат со засилено одржување на јавната хигиена.
Во текот на овие денови се спроведуваат активности за машинско и рачно миење на јавните површини, со посебен фокус на плоштадите, пешачките зони и детските игралишта.
Од претпријатието посочуваат дека активностите се реализираат со цел јавните простори да останат чисти и уредни и во периодот по главниот шпиц на туристичката сезона, кога Охрид сè уште бележи голема посетеност.
Засиленото одржување продолжува на најфреквентните локации во градот, со цел да се обезбедат чисти и пријатни јавни простори за жителите и бројните туристи.