Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДС треба да се сокрие и да се срами од народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
ok-vmro-dpmne

,,СДС како кумови на непотизмот, нема право да зборува за тоа, затоа што нивните огромни дрва со вработени се толку испреплетени што човек не знае од каде да почне.

Во духот на чесноста и денешниот празник Прочка, читајте сега вие по ред за целосната вистина:

Билјана Аврамоска, вработена во време на СДС и преземена од средно училиште во Скопје од страна на директор поставен од СДС во Охрид како дефицитарен кадар електроинженер хардвер и електроника.

Споменатиот роднина Китески е Китевски и воопшто не е прв братучед на секретарот Китески.

— реклама —

Елена Китеска со промена на власта избркана од работа по налог на Жаклина Лазаревска, 9 месец бремена и како сите останати кои беа избркани во 2017 година од образование со промена на власта во 2022 се враќани постепено на работни места.

Кристина Блажеска е вработена на конкурс објавен во јуни 2021 од директорот Грданоски, кадар на СДС во време на нивната локална самоуправа.

Ана Србиноска, пријавена на конкурс за 11 работни места, на кој конкурс за нејзиното работно место нема други пријавени и единствен кандидат кој исполнува услови.

— реклама —

Тео Андоновски е вработен од 2013 година во ЈП ,,Билјанини Извори”, исто така долги години во структурите на партијата.

Кирил Илоски и Катерина Илоска, исто така се вработени уште во 2013 година.

Саше Најдески, претседател на статутарна правна комисија од 2017 година во ВМРО-ДПМНЕ и застапник на партијата во ОИК и ДИК и како кадар на партијата станува директор на ЈП ,,Охридски Комуналец”.

Оливера Попоска, Ангела Арнаудоска и сопругата на секретарот Трифуноски е правилно, со сите законски процедури се избрани за своите позиции.

— реклама —

Илија Арнаудовски ниту бил, ниту е претседател на било каква задница, ниту пак Месен Комитет во Велгошти.

Душко Устијаноски, како што е правилно, не е шеф туку шофер на камион за подигање смет.

Господо криминалци и ширачи на лажни вести од СДС.

Многу имиња и презимиња погрешно ви ги кажале, но и погрешно ве информирале.

Во наредните денови ќе биде запознаена јавноста со пајажините и стеблата на СДС во Охрид, по принципот не само на вработување, туку и на доделувањето на фотоволтаична централа од господинот Таче на својата сопруга.

СДС денес е голем празник Прочка и убаво ќе беше да побарате извинувања и простување од народот, но вие решивте на тежок празник да ги сквернавите чувствата на народот и да изнесувате лаги и клевети.

СДС треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува и да знае дека за нив кои постојано грешат ќе има одговорност!", велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Ценовен удар и мигранти ниту имало ниту ќе има, тоа што има е дебакл на СДС како последниот во Брвеница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library7ucv8401fm8a7n8VVRD

Радичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ја развиваме Брвеница

Македонија | пред 6 дена

k15

„Процентуалниот раст на нето-платата во првите две години на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ“, вели Стојаноски

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybuoeusngf2o03ZPuNm1

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за медицинскиот извештај за Ива Михаилова

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања